За нас

Почетоците на нашето училиште датираат од 1.09.1960 година. Во почетокот училиштето започнало да работи со две паралелки и тоа една паралелка машински техничари со 43 ученика и една паралелка за индустриски работници со 46 ученика. Со текот на времето современите општествени потреби го наложиле зголемувањето на бројот на паралелките и профилите, па така денеска училиштето располага со 57 паралелки, од кои 32 со настава на македонски наставен јазик и 25 со настава на албански наставен јазик. Во училиштето има вкупно 1660 ученици од кои 940 со настава на македонски наставен јазик и 720 ученици со настава на албански јазик . Во училиштето наставата се изведува со четиригодишно и тригодишно траење.

Во училиштето постојат современо опремени кабинети во кои настава изведуваат ученици од сите струки и профили. Училиштето располага и со работилници за машинска и електро струка кои комплетно се опремени благодарение на донацијата од ГТЗ и во нив се изведува практична настава.За потребите на здравствената струка училиштето има кабинет за изведување на практичната настава. Дополнително едуцирање на учениците од здравствената струка се изведува и во Кумановската болница. Нашата соработка со локалната средина и стопанските објекти е континуирана со цел учениците да се стекнат со знаења и вештини кои што ќе им помогнат во иднина полесно да се вклучат во процесот на трудот.

Наставата ја изведуваат професори со адекватно стручно образование кои беа вклучени во повеќе обуки за изведување на современа настава.


Контакти на училиштето на првата страна.

Видија Техникус