Дома
Локалната младинска организација
"ТЕХНИКУС" е
формирана на 10 Ноември 2005 година на изборното собрание на кое што
присуствуваа 53 делегати од прва,втора и трета година. Името на ЛМО
симболично зборува за техничките кумановски струки. Од моментот на
формирањето на нашата младинска организација па до ден денес беа
направени многу активности и беше изготвен акционен план за работа
за периодот ноември 2005 - јуни 2006 год.
МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА:
Што е младинска организација?
Организација раководена од учениците и во функција на учениците.
Што е цел на Младинската Организација?
Динамична младинска организација која ќе го подобри животот на
младите, ќе ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем
успех во кариерата.
Како се финансира?
Преку чланарина, донации, спонзорства или преку хуманитарна
работа на учениците-членови понудена од младинската организација.
Што добивате со членување во Младинската Организација?
Лидерски и комуникациски вештини
Говоречки способности
Професионални знаења ( теоретски и практични )
Подобра вработливост
Школарини и стипендии
Заработка
Работно искуство
Подготовка за настап и претставување ( интервјуа за работа )
Систем на вредности
Работа во тим
Карактер
Натпреварување и конкуренција
Патувања
Дружење и забава
Побогата професионална биографија ( CV )
Како да станам член на Младинската Организација?
Едноставно, со пополнување на апликациски формулар кој можете да
го најдете
>>Тука<<
Претседателство на ЛМО "ТЕХНИКУС"
Куманово |